Тони Михајловски до Заев: “Штом ме питаш абре аго право ќе ти кажам"

“Штом ме питаш абре аго право ќе ти кажам. Право ќе ти кажам аго без да те излажам”. Ова го порача актерот Тони Михајловски на премиерот Зоран Заев кој рече дека не е вмешан во Рекет и најави тужби.

 

- Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Рускоска да кажe дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но, во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил, рече Заев вчера.

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја потврдува веродстојноста на фотографијата од објавената прва страница од записникот, во кој се наведуваат цитати од исказ на бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја“, објавени вчера на дел од порталите.

Обвинителството, како што соопшти и претходно, нема ги коментира останатите заклучоци и коментари на авторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега