Тони Јакимовски излезе од притвор

По речиси една година помината зад решетки, од притвор излезе Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а обвинет во случајот „Спец каса“, објави „Фокус“.

 

Јакимовски на последното рочиште за „Таргет и Тврдина“, каде што исто така е обвинет, дојде сам, без вообичаената затворска придружба. Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдуваат дека Јакимовски се брани од слобода од 11 февруари.

Одлуката за замена на притворот со гаранција ја донел Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1. На Јакимовски му се изречени мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот, а има и обврска еднаш во неделата да се јавува во судот.

Тој заврши во притвор минатата година во март, по барање на Обвинителството за организирање на криминал и корупција, а како осомничен во случајот „Спец каса“, односно за проневера на 825.000 евра, кои биле наменети за оперативни акции во УБК.

Јакимовски одреден период помина во истражниот затвор „Скопје“ и како обвинет во случајот на СЈО, „Таргет и Тврдина“, односно за нелегалното масовно прислушување во УБК.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега