Просветната инспекција го видела она што претходно го откриле на Факултетот!, пишува на ФБ профеосрот Тони Дескоски по однос на случката дека се прекинати студиите на 11 студенти на Филозофскиот факултет.

По серијата дезинформации конечно излезе на виделина што точно се случило на Филозофскиот факултет. Всушност, испадна дека Факултетот го утврдил пропустот, па по неговo барање ДПИ постапувал и го видел она што веќе и на Факултетот го виделе.

А можело да биде и поинаку.

Кога минатата година поднесов пријава до ДПИ за неправилен состав на една комисија за оценка и одбрана на докторат (немаше тројца од областа на меѓународното јавно право, од која област беше тезата), инспекторката ме убедуваше дека “од соодветната научна област” било множина а не еднина. И дека Законот всушност предвидувал дека мнозинството во комисијата за докторат треба да е од “од соодветните научни области”, ама јас тоа не сум го разбирал. Згора на се, зошто не сум приговарал дека менторот е од Историја на право, а не од меѓународно јавно право од каде е темата.

Плус, ми рече и дека било глупаво да се поништува докторат за такво нешто.

И така, ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат, пипува професорот на ФБ.

Exit mobile version