Томовски: Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи

Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека Владата на СДСМ и ДУИ го прифаќа „Францускиот предлог“, по што побара предвремени избори.

„Почитувани,

Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи.

Дипломати во земјава и поранешни високи владини функционери потврдуваат дека владата на Ковачевски дала пас за предлогот од Париз.

Предлогот за ставање на бугарските барања во рамките на преговорите со ЕУ е одобрен од Ковачевски и Османи, и тој мора да поминал низ каналите на комуникација помеѓу МНР и Француската Република.

ВМРО-ДПМНЕ не калкулира со македонските национални интереси, како што тоа го прави СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлогот од Париз и смета дека тој води само кон асимилација на Македонците и бугаризација на државата. Предлогот не почива на европските вредности, туку на правилото на посилниот.

Ковачевски кој дал дозвола за предлогот да биде пуштен во јавноста, треба да собере храброст и да го признае тоа пред јавноста. Ниту еден наш партнер нема да прави никаков чекор, без притоа за тоа да добие усогласеност на ставовите помеѓу двете страни.

Ковачевски е виновен што воопшто го прифатил овој предлог. И со тоа направил голема штета.

Но еве, доколку Ковачевски смета дека предлогот е добар, тогаш ајде на избори. Тој со ставот дека предлогот од Париз е добар и дека според него треба да се реши проблемот со Бугарија, а ВМРО-ДПМНЕ со ставот дека предлогот е штетен за нацијата и државата и дека треба веднаш да биде отфрлен. Па народот нека избере“, вели Томовски.

22.06.2022 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега