Том Хенкс се врати дома, па се огласи: „Сега го правиме истото што и другите Американци“

Рита Вилсон и актерот Том Хенкс се вратија во Америка после периодот на изолација во Австралија, поради коронавирусот. Актерот откри дека тие двајца ја продолжиле борбата од дома, и дека како и сите Американци, не го напуштаат својот дом.

Инаку, брачниот пар кој после тестирањето бил позитивен на Ковид-19 на почетокот на месецов, престојувал во Австрлија затоа што Том таму требало да почне со снимање на еден филм. Снимањето, сепак било запрено поради пандемијата, а Рита и Том еден период поминале и во болница.

„Здраво луѓе, дома сме. Како и сите останати, продолжуваме со мирување и со социјално дистанцирање. Им благодарам на сите во Австралија кои внимаваа на нас. Се грижеа за нас и така се вративме во Америка. Им благодарам на сите на убавите желби од Рита и мене“, порачал Том преку Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега