Тој последен го виде Слободан Милошевиќ жив во Хаг: „Раката му висеше, лежеше покриен до половина“

Денеска навршуваат 13 години од смртта на поранешниот претседател на Србија и Сојузна Република Југославија, Слободан Милошевиќ кој почина од инфаркт во својата ќелија во притворот на Хашкиот трибунал.

Тој неколку дена подоцна бил погребан под липата во дворот на семејната куќа во Пожаревац.      

Конандантот кој прв влегол во Сребреница во јули во 1995 година, генералот Винко Пандуревиќ, раскажал за српските медиуми непознати детали од Хаг за тоа како починал поранешниот претседател Слободан Милошевиќ.

Привилегија, а воено и несреќа е да се биде последниот човек кој жив го видел Милошевиќ, а притоа и прв кој го видел мртов. Пандуревиќ ова искуство го опишал како ноќна мора која ја потврдува тезата дека е отруен.

Кобната сабота 2006 година, истакнува генералот, врежана му е во сеќавање.

-Изгледаше како и секој друг мртов човек, блед на лицето, мирен, очигледно починал во сон. Еден стражар, кој ја претресувал неговата ќелија, ми покажа шишенце со лекови од 1999 година, а натписот на нив беше избришан и не можев да видат за кој лек стануваше збор. Шишето беше најдено во неговата ќелија. Можеби шишето служело преку неа да се внесе нешто или било оригинално пакување на лек на кој му истекол рокот - раскажал Пандуревиќ.

Бидејќи ќелијата на Милошевиќ бил оддалечена од неговата на два метри, кога стражариоте ја отклучувале во саботата во 9 часот утрината, сфатил дека нешто страшно се случило.

-Неколкумина отиродвме во спортската сала, бидејќи викендите беа предодредени за спортски активности. Додека бев во салата забележав дека стражарите често телефонираат, се движат лево*десно, што не беше вообичаено. Тоа ми беше сигнал дека нешто не е во ред. Кога се вратив во ќелијата, стражарот ме фати за рака и рече: „Дојди да видиш“. Влеговме во ќелијата на Слободан, он лешеже до половина покриенд со ќебе, десната рака му висеше од креветот. Пријдовме и проверивме пулс, видовме дека човекот е мртов - раскажал генералот и го опишал последниот пат кога се сретнале со Милошевиќ.

-Додека вечерта јадев пилешки батаци, Слободан ми пријде и ме понуди со пилешкоп. Забележав дека е румен на лик, но знаев дека имаше висок притисок за тоа време. Брзо не заклучија во собите во 9 вечерта и тоа беше нашата последна средба - раскажал Пандуровиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2019 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега