Тој има 79, а таа 41 година - никој не верувал дека врската ќе им успее, но и ден денес се среќно заљубени

Холивудската легенда Патрик Стјуарт од 2013 година е во брак со музичарката Сани Озел. Разликата од 38 години очигледно нималку не им пречи, затоа што изгледаат заљубени како и првиот ден.

Нивната врска кренала вистинска бура во јавноста. Патрик и сакал склопувањето на бракот да остане тајна, но Сани и нивниот кум, Ијан Мекелен, откриле дека Сани и Патрик рекле „да“.

Тогаш се појавила и информацијата дека Патрик е пет години постар од таткото на Сани.

Тогаш Патрик во интервју признал дека таткото на Сани не бил среќен со изборот на својата ќерка и дека долго одбивал да го нарекува зет.

Патрик и Сани ретко се појавуваат заедно, затоа што Сани, како што самата рекла, тешко поднесува медиумско внимание.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега