Тлото не престанува да се тресе: Нов земјотрес во Албанија

Земјотрес од 4.5 степени утрово ја стресе Албанија.

Епицентарот бил на 6 км од Шијак, односно на 22 км од галвниот град Тирана.

Овој земјотрес бил на длабочина од 10 км.

Уште еден послаб земјотрес утрово имало во оваа соседна земја.

Вториот земјотрес бил со јачина од 2.8 степени, со епицентар на 5 км од Влора.

Властите веќе почнаа да ги апсат луѓето кои се виновни за уривањето на градбите при силниот земјотрес кој се случи минатиот месец. Се работи за градители кои не ги почитувале прописите за градење.

Во силниот земјотрес при крајот на ноември загинаа над 50 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега