Тлото не мирува: Земјотрес во БиХ И Албанија

По катастрофалниот земјотрес во Албанија во кој што загинаа повеќе од 50 лица, се чини дека потресите и афтершоковите никако да престанат.

Во текот на целиот ден во Албанија беа регистрирани повеќе земјотреси од кои еден посилен со јачина од 4,3 степени по Рихтер, а по него имаше серија на пет помали потреси.

Само во последните неколку часа се регистрирани два потреси во Албанија со јачина од 2,8 степени по рихтер а пред половина час земјотрес имаше и во БиХ.

Епицентарот бил на 3 километри од населбата Благај со јачина од 2,8 степени по Рихтер и на длабочина од 2 километри во 15 часот и 02 минути по локално време.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега