Тлото и понатаму се тресе - Нови земјотреси во Албанија

По разорниот потрес од 6.4 степени според Рихтер кој ја стресе Албанија и однесе многу животи, следеа силни афтер шокови од 5.3 степени и 4.9 степени, а и помали потреси, со што и понатаму тлото не се смирува.

Во Албанија и изминатата вечер се тресеше тлото. Регистрирани се потреси од 2.5, 2.3 и 2.1 степени, а претходно во текот на денот се регистрирани осум потреси.

Се работи за земјотреси со јачина од 2.5, 3, 2.4, 4.3, 2.3, 2.7, 2.2 и 2.8 степени.

Повеќето од нив се во близина на Круја, Пешкопеја и Тирана. 

Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија се зголеми на 52.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега