ТИРЗ: со проверка на исплати на јавни средства го штитиме интересот на граѓаните

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони повторно реагира и најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

 

„Уште еднаш јасно посочуваме дека целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните.

 

Токму преку Дирекција за ТИРЗ, Владата минатата година обезбеди рекордна државна поддршка за компаниите во висина од 720 милиони денари, а трошокот за ангажман на меѓународната ревизорска куќа Прајсвотерхаус Куперс која ги мониторираше исплатите се под 1% од оваа сума.

Во компаниите во ТИРЗ само во изминативе 12 месеци се креирани околу 1000 нови работни места, за првпат платите во Зоните се 3% над националниот просек,  а компаниите во буџетот уплатиле над 2 милијарди денари само по основ на данок на плати и надоместоци, како и социјални осигурување, што е за 12% повеќе од претходната година. Она што охрабрува е дека ваквиот позитивен тренд продолжува и годинава во услови на глобална политичка и економска криза.

 

Оттука е јасно дека со воведување на вакви механизми ТИРЗ работи единствено во заштита на јавниот интерес. Затоа е нејасно чиј интерес застапува политичката партија ВМРО ДПМНЕ и зошто и кому му пречи проверката на барањата за исплата на државни средства“, соопштија од ТИРЗ.

13.06.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега