Тироидната жлезда влијае на 5 важни органи: Ако не се лечи, остава тешки последици
Хормоните на оваа жлезда управуваат со брзината со која се разградува старото коскено ткиво. Ако тој процес е забрзан, старото ткиво се уништува пред да биде заменето, што води кон остеопороза.
Главни хормони коишто ги лачи штитната (штитната) жлезда се тријодтиронин (Т3) и тироксин (Т4).
Општо е познато дека тироидната жлезда го контролира метаболизмот, односно брзината со којашто телото го троши “погонското” гориво. Премногу активна штитна жлезда значи дека патите од хипертиреоза, а таа предизвикува губење на телесната тежина, додека хипотиреозата е карактеризирана зо зголемување на телесната тежина.
Меѓутоа, штитната жлезда влијае и на пет важни органи во телото!
Срце
Хормоните на штитната жлезда влијаат на пулсот и помагаат во констролата на крвотокот, опуштајќи ги ѕидовите на крвните садови.
Јајници
Хормоните на штитната жлезда влијаат и на менструалниот циклус. Пореметеното ниво на хормоните на штитната жлезда предизвикуваат нередовен менструален циклус и овулација.
Коски
Хормоните на штитната жлезда управуваат со брзината со којашто се разградува старото коскено ткиво. Ако тој процес е забрзан, старото ткиво се уништува пред да може да биде заменето, што води кон остеопороза.
Мозок
Ниското ниво на хормоните на штитната жлезда резултира со заборавеност, проблеми со концентрацијата и депресија. За среќа, тие проблеми може да се решат со терапија со синтетички хормони.
Кожа
Ако штитната жлезда е недоволно активна (состојба којашто ја нарекуваме хипотиреоза), телото престанува да произведува и да ги отфрла клетките на кожата со нормален ритам. Така насобраните клетки предизвикуваат сува кожа без сјај. Растот на косата и ноктите исто така се забавува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа