Тинејџерка планирала масовно крвопролевање: „Сакам да убијам 400 луѓе поради забава“

 Алексис Вилсон, 18- годишна тинејџерка од Макалестер во Оклахома е уапсена во понеделникот откако признала на своитеколеги дека планира напад, да убие 400 луѓе од забава во своето старо средно училиште.

Таа на колегите од работа им покажала фотографија на која била со пушка Калшников и им се доверила дека сака да убива за забава, а во нејзиното поранешно улчилиште има доволно луѓе за тоа.

Алис е избркана од училиште бидејќи неколку пати е фатена како носи нож и фашистички обележја.

Полицијата во нејзината спална соба ја пронашла и пушката Калашников, а имала и Сачмарка, како и дополнителни шајзери за калашников.

Вилсон моментално се наоѓа во затвор каде и се заканува казна од 10 годни робија поради терористички закани, а одредена и е кауција од 250.000 долари.

Обезбедувањето во нејзиното поранешно училиште е појачано за секој случај.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега