Тинејџерка го помина половина свет за да испие пиво во пабот каде што се родила

Изабел Кејси патувала 7.500 километри од Ванкувер до мал паб во Англија за да се напие пиво како полнолетна личност.

Тинејџерката од Британија поминала 7.500 километри за првото пие како полнолетна личност да го испие во пабот во кој пред 18 години неочекувано се родила.

Нејзината мајка Никола се породила на 14 февруари 2002 година Хартфорд мил пабот во Вајтон, недалеку од Кембриџ.

Семејството во 2006 година се преселило во Ванкувер, но ветиле дека ќе се вратат за да го одбележат полнолетството на својата ќерка.

-Ќе пие пинта (нешто повеќе од половина литар) Грин кинг – индиско пиво. Тоа е дел од нашето наследство, изјавил нејзиниот татко Нил.

Имено, девојката се родила откако нејзината мајка, тогаш медицинска сестра, почувствувала контракции кога пиела кафе со пријатели. Кога пристигнал Нил, се упатиле кон болницата, но на паркингот и пукнал водењакот па се вратиле во пабот, каде што Изабел е родена.

Поради тоа Нил сакал неговата ќерка првото пие да го испие во тој англиски паб.

Изабел вели дека отсекогаш ја знаела приказната за тоа како е родена.

-Тоа стана мој трик на забавите – моето кул детство во Англија, вели Изабел, додавајќи дека најмногу се радува што ќе ги види семејството и пријателите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега