Тинејџер годрдо носел качкет со слоган на Трамп - врсниците брутално го претепале

Тинејџер на Флорида бил претепан од група ученици во автобус, наводно затоа што носел качкет на кој пишувало „Да ја направиме Америка повторно голема“, популарниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп.

Неколку ученици го снимиле инцидентот и сето тоа стигнало до медиумите.

Родителите на жртвиата навеле дека детето било хоспитализирано.

На кратката снимка се гледа како на момчето му приоѓаат неколку деца и почнуваат брутално да го удираат по главата и телото.

Инцидентот се случил во округот на Хамилтон на Флорида, и тоа кон крајот на ноември. Мајката ја објавила снимката од нападот во четвртокот откако поразговарала со своите правни претставници. Мајката тврди дека нејзиниот син бил нападнат порадо носење качкет кој го промовира Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега