Тимор Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Членови на Советот на Врховниот суд пресудија поранешниот член на ОВК, Тимор Морина, да не биде екстрадиран во Србија, објави ТВ21.

-Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на. август  2019година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30 / 2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и к.орупција при Основниот кривичен суд од Скопје .КИОК-КС бр..252 / 19 од  07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Рпублика Косово - стои во соопшптението на Судот за ТВ21.

Вакво правно мислење на 7 август даде и Основниот суд во Скопје, кој по разгледувањето на целосната документација за српското барање за екстрадиција, донесе одлука дека не се исполнети условите за екстрадиција на Тимор Морина. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа