Тие се секогаш во право: Четири хороскопски знаци кои мислат дека се над сите

Обожаваат да го слушаат сопствениот глас, баш секогаш мора да бидат во право - дури и кога не знаат за што зборуваат или толку веруваат во својата совршеност, да всушност никој и не може да биде во право освен нив. 

Бик

Луѓето родени во овој знак се тврдоглави , и тоа не се празни приказни. Кога е докажувањето на нивно знаење и разбирање во се и сешто во прашање тогаш стануваат уште потврдоглави. Тешко ќе признаат дека не се во право, и ќе направат се за да ги убедат луѓето околу себе дека стојат пред Мистер Сезнајко. Биковите често и имаат многу знаење, но претпоставуваат дека по тоа прашање никој не може да ги надмине. Многу се интелигентни, тоа е вистина, но ароганцијата и несериозното однесување оставаат уште полош впечаток на другите.

Лав

Неговото височество Лав! Ретко кој знак е толку егоцентричен. Луѓето родени во овој знак едноставно обожаваат да го слушаат сопствениот глас. Тие очекуваат од другите да заборават се што знаат бидејќи тоа е „погрешно“ и да ги слушаат само нив - она што тие го кажуваат е единствена вистина (така барем мислат Лавовите). За разлика од Биковите, Лавовите се потолерантни, уживаат кога се во центар на вниманието и не поднеусваат кога некој ги прекинува додека зборуваат, па макар тоа и да трае со часови. Тие не знаат за смирена , здрава расправа - мора да победат во се па дури и кога немаат премногу поим за што зборуваат - поради тоа знаат да бидат и многу смешни.  

Девица

Кога дојде до расправа, луѓето родени во знакот на Девица ќе направат се за да победат нивните аргументи. Затоа, ако се најдете во таква ситуација најдобро е да се издигнете над нив да ги пуштите така да мислат дека се во право, бидејќи расправата нема да има крај. Девиците сакаат многу да зборуваат, не знаат да бидат многу ограничени кога се во прашање фактите, односно согледувањето на широката слика на целата ситуација. Всушност тие се ограничуваат самите себе бидејќи длабоко се убедени дека секогаш се во право па нема потреба да се согледува нешто на поинков начин-за што да се губи време. 

Стрелец 

Луѓето родени во овој знак се сметаат за „најголем светски авторитет за сите“. Многу се слободоумни и не сакаат кога некој ги ограничува. Кога некоја тематика добро ја познаваат, сметаат дека нема подобри од нив и не го прифаќаат фактот дека, иако знаат многу за нешто и понатаму може да научат нешто ново. Воглавно, ако сакате да избегнете од силна главоболка, не поткачувајте се со Стрелецот за тематика поврзана за духовност или патувања-ќе зажалите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега