„Тие не само што ја израмнија кривата, туку ја сомлеа“ – единствената земја на светот која го „надмудри“ вирусот и направи чудо за 10 дена

Луѓето шетаат и возат велосипеди, во продавниците оддалечени се еден метар меѓусебно и во нив влегуваат еден по еден, а како и остатокот од светот ги искусиле мааните на учење на децата во домашни услови.

Поминаа помалку од 14 дена откако Нов Зеланд поради коронавирусот презеде строги мерки, како забрана за движење и одење на плажите, а на граѓаните им било кажано да не прават ништо што ќе ги преоптерети Итните служби.

На оваа држава ѝ биле потребни само 10 дена за мерките да се покажат како ефикасни. Бројот на нови случаи на заразени луѓе од коронавирус се намалил за само два дена, без оглед на тоа што има спроведено поголем број на тестирања на луѓето.

Во оваа земја досега има вкупно 1.160 излечени пациенти од кои само еден починат и четворица во лоша здравствена состојба.

Резултатите од мерките кои што биле донесени на сила за краток период довеле до благо попуштање на истите за време на Велигденските празници.

Премиерката Јасинда Арден одлучила Нов Зеланд да исполни времетраење од карантин од еден месец, два полни 14-дневни циклуси на инкубација пред целосно да ‘попушти’ со мерките.

Како што пишува новинарка од медиум, кога пред еден месец таа таму пристигнала од кинеското жариште на коронавирусот, преку Јужна Кореја, била шокирана кога на аеродром не ѝ измериле температура.

Добила само упат да биде во изолација 14 дена. Границите ги затвориле на 14-ти март, а Арден два дена подоцна објавила план за борба против коронавирусот кој што вклучувал четири фази, со што последната е целосен карантин.

„Бевме загрижени поради тоа што се случува во Италија и Шпанија“ – изјавил сопственикот на трговско друштво во Нов Зеланд, Стефан Тиндел.

„Да не воведевме брзо карантин, ова ќе траеше уште многу долго. Беше неизбежно дека ќе мора да се затвориме, поради тоа се одлучивме така да биде што пократок период“ – вели тој.

Во понеделникот, на 23-ти март Ардерн изјавила дека целата земја треба да се подготви за 48 часа за целосен карантин.

Тогаш изјавила дека се забележани 102 случаи на коронавирсот и дека Италија имала толку мал број случаи пред земјата да дојде до целосен колапс.

Само неколку часа пред да отчука полноќ, на сите граѓани им стигнала порака: „Однесувајте се како да имете Ковид-19. Тоа ќе ни ги спаси животите. Да ја одиграме оваа наша улога и да се обединиме против Ковид-19“.

Резултати

Откако на 2-ри април биле забележани 89 случаи, најмногу во еден ден таму, бројот на случаи почнал да опаѓа нагло.

Голем број од случаите би можеле да се поврзат со меѓународни патувања. Со оглед на тоа што немало многу докази за локална трансмисија на вирусот, Нов Зеланд не се соочил со ситуација болниците да се затрупани со болни пациенти.

„Јасинда на сето тоа пристапи одлично и без двоумење одлучи да се соочи со оваа закана“ – изјавил Бејкер.

Следниот предизвик на оваа земја е, еднаш кога вирусот ќе биде елиминиран во целост, така и да остане.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега