Тевдовски: Првата транша евтини кредити од ЕИБ во износ од 15 милиони евра ќе им биде прфрлена на фирмите следната недела

Првата транша во износ од 15 милиони евра евтини кредитит за малите и средни претпријатија преку ЕИБ, ќе биде префрлена следната недела. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и потпретседателот на Европската инвестициска банка Ендру Мекдовел.

-Ова се првите средства од целосната кредитна линија за мали и средни претпријатија во износ од 100 милиони евра. Бордот ја има одобрено траншата од 15 милиони евра и истата треба да се повлече на 17-ти месецов, односно следната недела. Со ова ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми - рече Тевдовски.

Речиси 90% од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства. Ова значи и отворање на повеќе нови работни места.

Тевдовски посочи дека покрај евтината кредитна линија за мали и средни претпријатија  со ЕИБ се зборувало и за финансирање на третатата делница на пругата на Коридор VIII, односно до границата со Бугарија. Исто така се зборувало и за нови 50 милиони евра за проектот за изградба на водоводи и канализација.

-Особено е значајна поддршката која ЕИБ ќе ја даде во енергетскиот сектор во земјава, односно гасно поврзување со Грција-рече Тевдовски.

Исто така, се очекува ЕИБ, заедно со ЕБОР да учествуваат во финансирање на Пречистителна Скопје.

 

Делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката Анита Ангеловска -Бежоска покрај ЕИБ, оствари средба и со  Пол Томпсен, директор на ММФ за Европа и Јасмин Рахман, шефот на мисијата на ММФ за земјава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2019 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега