На 18 септември 2025 година, околу 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 33-годишниот Д.С. од селото Глоѓи, тетовско, на крстосницата меѓу улиците „Тодор Циповски Мерџан“ и „Страшо Пинџур“ во Тетово.
Приведувањето било извршено откако, според претходна пријава, истиот околу 18:45 часот на градскиот плоштад физички го нападнал Ќ.И. (62) од село Пршовце, тетовско.
Д.С. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полицијата работи на расветлување на мотивите за нападот.