Тетово: Му ги најдоа кесите - падна млад дилер (ФОТО)
Вчера во 15.15 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, информира МВР.
Потоа, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага. Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
06.09.2024 - 10:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа