Тетово и Јегуновце со над 30 отсто одѕив на гласачите до 17 часот

Малку повеќе од една третина од граѓаните евидентирани во избирачки список излегле да гласаат на вонредните парламентарни избори во општините Тетово и Јегуновце до 17 часот.

Во Општина Тетово до 17 часот гласале 33,72 отсто од граѓаните, додека Општина Јегуновце бележи 32 отсто излезеност.

Во останатите општини има под 30 проценти излезност. Во Општина Теарце гласале од 29,70 отсто, додека во Брвеница 28,61 отсто излезеност на граѓаните на вонредните парламентарни избори.

Боговиње и Желино се општините со најмалку граѓани кои досега гласале.  Во Боговиње има 27,55 отсто излезеност, додека во Желино одѕивот на гласачи е 23,13 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега