Тетово и Јегуновце единствени со над 40 отсто одѕив

До 19:00 часот во општините Тетово и Јегуновце се надминати 40 проценти на излезност за гласање од страна на граѓаните. Во Општина Тетово од 84.454 граѓаните гласале 40,97 проценти додека во Јегуновце од 10.168 луѓе гласале 40,52 отсто запишани избирачи.

И понатаму општина Желино останува со најмала излезност на граѓаните. Од 23.926 граѓани само 28,16 отсто отишле да гласаат во едно од 35-те избирачки места.

Во Теарце се бележат 36,42 проценти одѕив на граѓаните, а слична излезност е евидентирана во Боговиње со 32,10 отсто и Брвеница со 35, 34 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега