Тетовка лажно прјавила дека и барале 50 илјади евра или ќе и го нападнат сопругот

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ш. (49) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 20.07.2019 во Полициската станица Тетово, пријавената лажно пријавила кривично дело „изнуда“, односно дека на 19.07.2019 на нејзиниот мобилен телефон била повикана од женско лице кое ѝ се заканило дека ако не ѝ исплати сума од 50.000 евра во рок од 48 часа, ќе му нанесе штета на нејзиниот сопруг, објавувајќи нешто за него. Од преземените мерки и активности било констатирано дека Н.Ш. лажно го пријавила делото.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега