Тетовец украл археолошки предмети што се сметаат за културно наследство

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишник од Тетово, поради сомнение дека украл археолошки предмети што се сметаат за културно наследство.

При полициски претрес во домот на пријавениот на улицата Јордан Златановски службениците пронашле и одзеле предмети за кои Министерството за култура до СВР Тетово доставило известување во кое се наведува дека предметите се со статус на археолошки предмет како вид на движно културно наследство.

Тетовецот се товари за кривично дело присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа