Тетовец со дрвен предмет нападнал сограѓанин- Две лица уапсени пред болницата

 

Две лица биле уапсени пред болницата во Тетово бидејќи физички се пресметувале, а при интервенција на полицијата, еден од нив ги спречувал полицајците во извршување на службените дејствија.

Според пријавеното, вчера  околу 15.30 часот пред Клиничка болница Тетово, на ул.„29 Ноември“,  од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Н.Х.(48) од Тетово и М.А.(32) од с.Челопек, тетовско, бидејќи Н.Х. со дрвен предмет го нападнал М.А., а при интервенцијата, полициските службеници биле попречувани во вршењето на службените дејства од М.А., кој притоа се здобил со повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега