Тетовец лажно се претставувал како лекар - измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000 денари, соопшти полицијата.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.06.2021 година, довел во заблуда повозрасен жител на Охрид, на кого, во телефонски разговор, претставувајќи се дека е лекар што го лекувал во една скопска болница, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук, кој на граничен премин имал проблем со автомобилот.

Притоа, побарал и добил 40.000 денари, извести полицијата.

27.07.2021 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега