Тетовец изградил објект на државно земјиште

Tетовската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишниот Б.И. од овој град поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.

Како што информираат од МВР, тетовецот во својство на инвеститор, во текот на 2020 година, на катастарска парцела во државна сопственост, без одобрение за градба од надлежен орган, во Тетово изградил објект со што узурпирал државно земјиште на површина од 117 квадратни метри.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега