СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.З.(65) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза’’.
На 21.08.2025 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 пакувања со вкупно 950 парчиња филтри, 17 кеси со по 500 грама тутун, 12 кутии со по 500 грама тутун, 1.278 кутии со по 20 цигари во кутија, 21 машинки за правење на цигари од тутун и 10 сим картички за кои не приложил соодветна документација дека ја има платено потребната акциза, ниту документација за потекло за стоката.
Актуелно
- Додик повторно со закани за сецесија: „БиХ е завршена приказна, РС ќе стане независна држава“
- Повредени над 30 ученици и наставници по испуштање гас во училиште во Германија
- Почна реконструкцијата на месната заедница во Пинтија -Трајкоска: „Ова е само почеток на сериозната програма што им ја понудивме на граѓаните“
- Истрага за разбојничка кражба
- Ужас го потресе регионот: Синот се обидел со перница да ја задуши мајка си
- Скандал во Косово: Тешко повреден функционер на ЕУ
- Трамп лансираше нуклеарна ракета
- Разбојништво во Аеродром: Одземена чанта со пари, документи и телефон со употреба на сила

