Тетовчани не ги почитуваат правилата - возат побрзо од дозволеното

Денеска (06.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 46 возачи, информираат од МВР.

„Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 16 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 30 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, стои во соопштението на МВР.

06.08.2022 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега