Тетовчани и гевгеличани се обожаватели на брзото возење, но треба да бидат спремни да платат и високи казни

Од дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи дознаваме дека жителите на Тетово и Гевгелија се големи обожаватели на брзото возење. Но, дали се спремни да ги платат казните или не, ќе дознаеме во наредниот период, со оглед на тоа дали ќе ги исплатат истите во предвидениот временски рок.

Во текот на вчерашниот ден, Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле санкционирани 64 возачи кои непрописно престигнувале (ТЕ-37 и ГВ-27).

Од МВР повторно ги потсетија граѓаните да ги почитуваат добро познатите правила во сообраќајот, со цел поголема безбедност меѓу граѓаните и избегнување на непосакувани сценарија.

13.09.2021 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа