Тетовчанец нудел откуп, полицијата го привела

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско, известија надлежните служби.

„Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот“-се вели во писменото соопштение на полицијата. 

Виновникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.09.2021 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега