Тестот бил негативен – починала по четири дена: Самохрана мајка најмладата жртва во Русија

Анастасија Петрова (36) е најмладата жртва од корона вирусот во Русија. Петрова била самохрана мајка, а работела како уредник на економски магазин.

Таа починала на 31 март откако претходно осум дена се борела со висока температура.

Како што пренесува „Мирор“ таа имала симптоми на корона вирус, висока температура и кашлица. На својот доктор му објаснила дека престојувала во странство и била во контакт со три други лица.

Лекарот и предложил да ја проверува температурата на секои 20 минути и доколку има потреба да земе парацетамол.

Веднаш откако ги добила симптомите била хоспитализирана во болница и на 27 март и бил направен прв тест кој дал негативни резултати. Но откако следниот ден го повторила тестот сликата била поинаква, односно резултатите биле позитивни. Умрела по само 4 дена од првиот тест.

Зад себе оставила две малолетни деца на возраст од 10 и 12 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега