Тестирање и лекување од Ковид-19 ќе биде на трошок на Фондот без разлика дали лицето е осигурано или не

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека без разлика дали некои лице е здравствено осигурано или не, тестирањето и лекувањето од Ковид-19 ќе биде на трошок на Фондот за здравство.

-Без разлика дали се здравствено осигурани или имаат лично или по некоја друга основа, или пак, немаат уплатено здравствено осигурување, сите што треба да се тестираат или се лекуваат од оваа болест трошокот оди на сметка на Фондот за здравствено осигурување, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега