Тешко повредена жена пешак во сообраќајка во Тетово

Денеска околу 17.15 часот се случила сообраќајна несреќа во Тетово, при што е повредена 32-годишна жена, која е пренесена на клиниките во Скопје поради сериозноста на здравствената состојба.

Патничко возило „Пежо 607“ со гостиварски регистерски ознаки удрило во 32-годишната К.Ѓ од тетовско Подбреѓе, при што таа се здобила со тешки телесни повреди.

На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

28.11.2022 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега