Тешко повредена тинејџерка во сообраќајка кај Студеничани

 

16-годишна сопатничка вчера беше тешко повредена во тешката сообраќајна несреќа што се случи во селото Студеничани.

Во сообраќајката учествувале патничкио моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки со приколка, управувано од С.А. (66) од село Зелениково и патничкио моторно возило „фолксваген голф“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од И.Е. (41) од Студеничани.

Од незгодата освен 16-годишната девојка полесно повредени биле и С.А., И.Е. и К.Е. (42) и 17 годишно лице кои по укажана лекарска помиош се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.

 
 

 

 

14.07.2018 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа