Тешко повреден пешак во Скопје

48-годишен пешак е тешко повреден откако во него удрил 24-годишен скопјанец со „фиат брава“.

-Вчера во 12:00 часот на ул.„Малешевска“ во Скопје, патничко возило „фиат брава“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (24) од Скопје, удрило во пешакот Ш.Е.(48) од с.Морани, скопско. Во незгодата, Ш.Е. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега