Тешко повреден пешак во кругот на болницата во Штип

56-годишен штипјанец е тешко повреден откако во него удрило возило „фолксваген венто“ во кругот на Клиничката болница Штип.

-Вчера во 12.25 часот било пријавено дека во кругот на Клиничка болница Штип патничко возило „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Штип, удрило во пешакот С.М.(56) од Штип. Во незгодата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во истата болница, се вели во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега