Тешко повреден пешак откако „форд ескорд“ удрил во него и „собрал“ уште два паркирани автомобили во Кичево

Во Кичево, на ул ица „Исеин Акиоски“ патничко возило „форд ескорд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во два паркирани автомобили и во пешак, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

– Патничкото возило „форд ескорд“ удрил во патничко моторно возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево – соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега