Тешко повреден пешак кај Смилковци

Тешко повреден е 59-годишен пешак од селото Петровец на скопската обиколница, во близина на Смилковци.

-Вчера околу 09.00 часот на скопската oбиколница, кај клучка Смилковци, товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(59) од с.Петровец, скопско, удрило во пешак Д.М.(59) од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа