Тешка сообраќајна несреќа во Штип: Прегазен тинејџер, возачот избегал
Вчера во 20.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Панче Караѓозов со ул.„Широк Дол“ во Штип, патничко возило „цитроен ц2“ со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К.(18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип. По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа