Тешка сообраќајка во Визбегово: Четири млади момчиња пренесени во болница

Четири млади момчиња се здобиле со повреди откако доживеале сообраќајна несреќа во Скопје, информира МВР.

-На 26.02.2021 во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во село Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Н.Х. од Скопје, мотоцикл „хонда“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Ј.З. од Скопје и мопед „лифан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобиле двајцата мотоциклисти и двајца сопатници на мотоциклите, 19-годишниот С.Е. и 15-годишник од Скопје. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега