Тешка сообраќајка во Струмица- повредени две млади лица

 

Во тешка сообраќајка доцна синоќа во Струмица тешко повредени се две млади лица.

„На 20.09.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица - Радовиш, на крстосница за с.Василево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(18) од село Василево, патничко возило „бмв“, со англиски национални ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од с.Ангелци и паркирана полуприколка без регистарски ознаки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во патничкото возило „ауди“, Д.Ѓ.(20) и Г.Д.(19), двајцата од с.Василево, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош“ соопштуваат од полиција.

Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега