Тешка сообраќајка во Скопје - загина младо момче

 

Мотоциклист починал на Клиника во Скопје како последици од повреди предизвикани од сообраќајна несреќа која се случила вчера, информира МВР.

-Во 22:56 часот било пријавено дека во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат стило“, со скопски регистарски ознаки,  управувано од 43-годишниот Н.С. од село Сарај и мотоцикл „хонда ЦР-В 1000“, без регистарски таблички, управувано од 21-годишниот Ш.О. од село Паничари, скопско. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје - велат од полицијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега