Тешка сообраќајка во Скопје- две жени тешко повредени

 

Рано утринава во 02.00 часот на крстосницата од улица „Панајот Гиновски“ и улица „Борис Сарафов“ во Скопје дошло до сообраќајка.

Имено судирот се случил помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 60- годишниот Ј.Ј од Гостивар и товарно возило „Опел Виваро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 64- годишниот И.С од село Сарај, скопско.

Притоа, со повреди се задобиле сопатниците  во возилото „Опел Астра“, 51- годишната Ф.А  од Дебар и 54- годишната Б.С од Гостивар. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош, стои во соопштение од полицијата.

Кај Ф.А. биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување, додека кај Б.С. биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

27.05.2018 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега