Тешка сообраќајка во Македонија - Едно лице повредено
На патот мотел „Дреново“ – Кавадарци вчера во 14 часот и 30 минути се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Р.Р. од село Возарци и мопед марка „баотијан“, без регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот Т.П. од село Дреново.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот, 32-годишниот Д.П. од село Дреново и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
18.11.2019 - 11:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа