Тешка сообраќајка во Куманово: Повреден 19- годишен мотоциклист

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Куманово, по што бил пренесен во болница.

-На 24.02.2021 во 16.05 часот во СВР Куманово било пријавено на крстосница од ул. „1“ и ул„6“ во населба „Бабин дол“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(23) од Куманово и мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.П.(19) од с.Биљановце, кумановско, информираат од МВР.

Во незгодата, П.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега