Ноќеска околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово. Во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти СВР Куманово.
И Tериторијалната противпожарна единица интервенирала на сообраќајката, од каде наведуваат дека ја отворале вратата на еден од автомобилите.
Екипа СВР Куманово извршила увид.

