Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Едно лице заврши во болница

Рано утринава во 05.15 часот на крстосницата од улицата „Аминта Трети“ со улица „Орце Николов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со тешки повреди и било пренесено во болница.

Според пријавеното сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „киа конкорд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(33) од с.Студеничани, скопско, и патничко моторно возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(54) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Н., кој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега