Тешка сообраќајка во Битола: Повредени две млади лица

 

Две лица повредени во сообраќајка во Битола.

„На 11.10.2020 во 01.40 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосница со кружен тек, составена од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски гемиџии“, ул.„Новачки пат“ и ул.„8 Септември“ во Битола, помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(28) од с.Трново, битолско и патничко возило „хонда цивик“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М.(22) од с.Лознани, општина Могила.“ соопштуваат од полиција.

Во незгодата, И.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега